Месото ќе биде помеко и посочно: Јунешко со портокал

Месото ќе биде помеко и посочно: Јунешко со портокал

Ако сакате меко и сочно јунешко месо, пробајте го овој рецепт…

Состојки:

  • 500 гр исечкано јунешко месо од бут
  • 1 веза млад кромид, може и праз
  • 2 портокали
  • 4-5 чешниња лук
  • сол
  • бибер
  • соја сос
  • брашно

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го јунешкото тенко. Исечканите парчиња месо извалкајте ги во брашно и пропржете ги на масло. Тргнете го месото од оган. 
  2. На истото масло додајте сок и изрендана кора од еден портокал. Вратете го месото и додајте исечкан кромид или праз. 
  3. Вториот портокал исчистете го од кората и исечкајте го. Важно е да не ги тргате парчињата, туку треба да го исечете со нож. На тој начин сè ќе биде посочно. Додајте портокал во сосот и динстајте додека не омекне. Зачинете со соја сос. 
  4. Послужете со тестенини или ориз.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо