Пилешко Кунг пао: Едноставно кинеско јадење кое ќе го правите постојано

Пилешко Кунг пао: Едноставно кинеско јадење кое ќе го правите постојано

Овој рецепт се подготвува со едноставни намирници кои веќе ги имате во кујна…

Состојки:

  • 500 гр бело пилешко месо
  • 100 гр кикирики
  • неколку суви чили пиперчиња
  • 2 парчиња млад кромид
  • парче ѓумбир
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици масло
  • 1 дл вино
  • сол
  • 2 лажици оцет
  • малку соја сос по желба
  • прстофат шеќер
  • 1 лажица скробно брашно

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го пилешкото на коцки, измешајте вино, скроб, сол и маринирајте го пилешкото 30 минути. Во врела вода згответе кикирики околу 10 минути, за полесно да ги отстраните лушпите. Кромидот и лукот исечкајте ги. 
  2. Кратко пропржете кикирики на многу малку масло, исцедете ја маснотијата, исушете ги кикириките и ставете ги на хартиена салфета да се изладат. Остатокот од маслото ставете го во длабока тава, загрејте на јак оган и додајте го пилешкото и лукот. Пржете додека не стане благо кафеаво. 
  3. Малку масло оставете во тавата и на него кратко (30 секунди) пропржете ги чили пиперчињата. Додајте го остатокот од скробот и кромидот, па измешајте со кикирики и пилешко. 
  4. Послужете топло со варен ориз.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*