Кадаиф со кикирики: За сите љубители на ориентални слатки

Кадаиф со кикирики: За сите љубители на ориентални слатки

Незаборавен вкус – вреди да се проба!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 3-4 дл млака вода
  • 900 гр остро брашно
  • 500 гр печени кикирики за фил

Состојки за шербет:

  • 1 кг шеќер
  • 1,3 л вода
  • сок од половина лимон

Начин на подготовка:

  1. Јајцата разматете ги со малку вода, додајте 2/3 брашно и остатокот од водата. Со раце замесете тесто да биде глатко, па на даска со остатокот од брашното размесете многу тврдо тесто. Развлечете го на машина за резанки како резанки за супа, што потенко, и нека бидат со должина од 15-20 см. 
  2. Од оваа количина можете да направите 36 ролни: ставете резанки, преку нив лажица мелени кикирики и свиткајте.
    Наредете ги ролните во намастен плех и печете на 200 степени додека не поруменат. Врелиот кадаиф прелијте го со врел шербет во кој сте исцедиле лимон. 
  3. Напомена: Количината вода и брашно можете да ја промените во однос на рецептот, но не додавајте повеќе јајца затоа што тестото ќе биде многу тврдо кога ќе се испече.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта