Воодушевете ги гостите: Гнезда од компири со пилешко

Воодушевете ги гостите: Гнезда од компири со пилешко

Со овој рецепт ќе ви воодушевите гостите…

Состојки:

  • 250 гр исечкано пилешко месо
  • 1/2 кг компири
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 50-70 гр тврдо сирење
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги компирите, изгмечете ги, додајте јајце и направете пире (матејќи со миксер). Оставете да се излади. 
  2. Кромидот ситно исечкајте го, издинстајте, додајте иситнето пилешко и лук. Динстајте додека не биде готово. 
  3. Прекријте тепсија со хартија за печење, премачкајте со малку масло или путер. Од пирето формирајте гнезда користејќи лажица. 
  4. Во гнездата ставете фил од пилешко. Од горе посипете со сирење. Запечете во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text