Палачинки со прелив од цреши: Сочен и освежувачки десерт (Видео)

Палачинки со прелив од цреши: Сочен и освежувачки десерт (Видео)

Вистинско слатко задоволство, кое морате да го пробате. Палачинки со цреши – сочни, лесни и освежувачки…

Состојки:

  • 7-8 палачинки
  • 2 белки
  • 500 гр цреши
  • 100 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица пченкарен скроб
  • 400 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Исчистените цреши ставете ги во вода со ванилин шеќер и шеќер по желба и гответе 10-15 минути додека водата не почне да врие. 
  2. Додајте лажица скроб и тргнете од оган. Додајте малку цимет. 
  3. Полнете ги палачинките и редете ги во плех. Разматете 2 белки во цврст снег со шеќер. 
  4. Наредете го првиот ред полнети палачинки, премачкајте ги со разматени белки, па наредете друг ред и распоредете го остатокот од белките. Печете на 160 степени околу 15 минути.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text