Посебна мусака со мелено месо и макарони – деликатес во тава

Посебна мусака со мелено месо и макарони – деликатес во тава

Направете посебна мусака со мелено месо и макарони.

Ова е деликатесот:

Состојки:

  • 1 кг. мелено месо
  • 400 гр. макарони
  • 1 кромид
  • 2 домати
  • малку магдонос
  • 1 лажиче црвен пипер
  • бибер
  • сол
  • 2 лажици масло
  • нане
  • 2 јајца
  • 1 шолја павлака

Подготовка:

  1. Во 1 литар вода се става една лажица масло и сол, па се варат макароните на вообичаен начин.
  2. Се сече ситно кромидот, се пржи на масло, заедно со меленото месо, сол, бибер и црвен пипер, ситно сечен домат, нане и магдонос.
  3. Се става смесата со месото кога ќе биде готова, над исцедените макарони ставени во тава.
  4. Се става вода речиси до пола на тавата и се пече на 200 степени додека водата не испари.
  5. На крај се ставаат изматени јајца со кисело млеко, па се пече уште 10 минути да се стврдне преливот.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со спанаќ

Мусака од карфиол

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

singlepost_text