Кокос колач без јајца и маргарин – не треба ни миксер

Кокос колач без јајца и маргарин – не треба ни миксер

Направете сочен колач со кокос кој навистина е прекрасен.

Ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 шолји јогурт
  • 1 шолја кокос
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја гриз
  • 1 прашок за пециво

Прелив за кора:

  • 3 дл вода
  • 4 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер

Фил:

  • 1 л млеко
  • 3 пудинзи од ванила
  • шлаг

Подготовка:

  1. Се вари преливот со вода и шеќер, а потоа се лади.
  2. За кора се мешаат сите состојки и се ставаат на плех со брашно.
  3. Се пече на 180 степени 20 минути.
  4. Се вари пудингот, се разматува со млеко и шеќер, и се става во млекото кое врие на плоча.
  5. Врелата кора се прелива со сирупот од вода и шеќер.
  6. Ставете го филот, па украсете со шлаг.
  7. Декорирајте по избор.

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Домашен овошен сладолед

Смеса од три состојки: Бомбици, торта или колач

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега