Здрава брза храна: Сирова пица

Здрава брза храна: Сирова пица

Обожавате пица, но сакате да се храните здраво? Имаме решение за вас – подгответе здрава сирова пица!

Состојки:

  • 2 моркови
  • 2 чешниња лук
  • 1/2 главица кромид
  • 4 зелени маслини
  • 1/2 шолја домат
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица магдонос
  • 1 лажица рузмарин
  • 1 лажица морска сол
  • 1 лажица бибер
  • 2 шолји мелено леноно семе

Состојки за премачкување:

  • 2 шолји индиски ореви
  • 2 шолји соја сос
  • 1,5 лажица сок од лимон

Начин на подготовка:

  1. Морковите, лукот и кромидот, маслините и доматите ставете ги во блендер и блендирајте додека смесата не стане еднолична. Додајте малиново масло, магдонос, рузмарин, сол и бибер. 
  2. Кога ќе добиете глатка смеса додајте мелено ленено семе и блендирајте додека смесата не стане хомогена. По потреба додајте уште половина шолја ленено семе. Смесата развлечете ја на еден сантиметар дебелина и сушете ја 6-8 часа во благо загреана рерна па внимателно свртете ја на другата страна, одлепете ја фолијата и оставете да се суши уште 1-2 часа. 
  3. Состојките за премачкување ставете ги во блендер и по потреба додајте четвртина шолја вода па блендирајте додека не добиете кремаста текстура. Тестото за пица премачкајте го со сос и дехидрирајте го уште еден час, исечете го на парчиња и ставете салати по вкус и по желба.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text