Полнети пилешки ролни за вистински гурмани (Видео)

Полнети пилешки ролни за вистински гурмани (Видео)

Пилешкото можеме да го подготвуваме на многу начини. За сите љубители на добар залак ролованото пилешко е еден од омилените кулинарски специјалитети.

Состојки:

  • 500 гр пилешки гради
  • 200 гр шункарица
  • 200 гр сланина
  • 150 гр кулен
  • 200 гр кашкавал
  • ајвар
  • масло
  • зачин
  • сол
  • бибер
  • лук
  • чили пипер

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на тенки шницли па исчукајте го тенко. Додајте малку масло, бибер, зачин, сол, лук, пипер, малку лута пипер, па сè имешајте. 
  2. Раширете алуминиумска фолија на маса па наредете тенки листови сланина, а преку распоредете месо со зачини, намачкајте го со ајвар (може и мајонез). 
  3. Потоа наредете тенки листови кашкавал, и на крај листови кулен. Полека составете со фолијата на долниот крај и свиткајте во ролат. Ставете во плех да се пече на 200 степени околу 45 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*