Одличен избор за доручек: Пита со домати

Одличен избор за доручек: Пита со домати

Вкусна пита со домати, одлична за доручек…

Состојки:

  • 200 мл кисела павлака
  • 1/2 шолја масло
  • 3 јајца
  • 1 шолја бело брашно
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 4 лажици ајвар
  • 1 лажичка оригано
  • 2 домати
  • 200 гр фета сирење
  • сусам
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки да добиете цврст снег. Во посебен сад разматете жолчки со масло па полека соединете ги двете смеси. 
  2. Во посебен сад измешајте пченкарно брашно и пченично брашно со прашок за печиво. Измешајте со смесата од јајца па додајте масло и сè уште малку матете. Потоа додајте павлака и ајвар и сечкани домати. Матете додека не добиете компактна смеса. Додајте фета и оригано. 
  3. Ставете ја смесата во тепсија и печете на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*