Ѓозлеме: Најубавото турско печиво полнето со сирење

Ѓозлеме: Најубавото турско печиво полнето со сирење

Солени полнети палачинки на ориентален начин…

Состојки:

  • 1,5 кг брашно
  • 250 мл свежо млеко
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица оцет
  • 1 лажица сол
  • 500 гр сирење
  • 8 јајца (4 варени, 4 свежи)
  • малку вода

Начин на подготовка:

  1. Брашното просејте го, направете дупка во средина и додајте 2 јајца. Додајте сол, оцет и масло и измешајте. Постепено додавајте свежо млеко, малку вода, па замесете еластично тесто. 
  2. Тестото поделете го на еднакви топки и развлечете со сукало во тенки кори. Варените јајца иситнете ги и измешајте ги со сирење. Додајте ги останатите 2 јајца и измешајте.
  3. Од готовиот фил посипете по средина на развлечена кора. Преклопете ги спротивните краеви на кората, повторно посипете со фил и преклопете ги другите краеви, така се добива нешто налик кеса. Така подготвеното ѓозлеме пржете го во загреано масло од двете страни.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*