Тиганици со кашкавал и сирење – брз рецепт, не впива многу масло, ќе замириса маалото

Тиганици со кашкавал и сирење – брз рецепт, не впива многу масло, ќе замириса маалото

Направете ги најмеките тиганици кои ќе ви останат во сеќавање.

Брзо и лесно, ова е рецептот:

Состојки:

  • 3 лажици кисело млеко
  • 1 лажиче прашок за пециво
  • 1 јајце
  • малку сол
  • 3 лажици масло
  • 50 гр сирење
  • 50 гр рендан кашкавал
  • лук во прав
  • 3 лажици брашно
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во три лажици кисело млеко се додава прашок за пециво, масло, сол и лук во прав.
  2. Се меша и се додава изматено јајце, издробено сирење, нарендан кашкавал и лажица по лажица брашно.
  3. Се вадат тиганици со лажица и се пржат на загреано масло од двете страни.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

 

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*