Салата од компири и фета сирење

Салата од компири и фета сирење

Со следниот ручек подгответе и салата од компири и фета сирење.

Состојки:

  • 400 гр компири
  • 3 парчиња млад кромид
  • 10 црни маслини
  • 100 гр фета сирење

Состојки за прелив:

  • 4 лажици јогурт
  • 2 лажици сок од лимон
  • 4 лажици маслиново масло
  • сечкан магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги па згответе ги во кора. Исцедете ги, излупете ги, исечкајте ги на парчиња и ставете ги во сад. Додајте исечкан кромид, маслини и фета сирење. 
  2. Во сад ставете јогурт, маслиново масло, сок од лимон и магдонос, посолете, побиберете и добро измешајте. Зачинете ја салатата со подготвениот прелив и послужете ја топла.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text