Таратур на руски начин – се прави од сосема други состојки, прав деликатес

Таратур на руски начин – се прави од сосема други состојки, прав деликатес

Ова е руски специјалитет кој вреди да се проба.

Направете таратур од цвекло:

Состојки:

  • 400 гр кисела павлака
  • 3 цвекла (околу 400 гр)
  • 3 јајца
  • 1 краставица
  • 3 чешни лук
  • вегета
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица оцет
  • вода ладна

Подготовка:

  1. Се лупи и мие цвеклото, се става во фолија и се става на плех, па се пече на загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.
  2. Ќе проверите кога е готово со вилушка.
  3. Може и да се свари, но тогаш впива многу вода.
  4. Се ставаат јајца во вода и се варат кратко, па се ладат и лупат, а се мие и краставицата, може да ја излупите или не по избор.
  5. Земете сад па изрендајте го цвеклото и изронете ги јајцата, а краставицата, лукот ситно исечете ги, додајте кисела павлака, зачини, оцет и ставете ладна вода.
  6. Измешајте и оставете во ладилник, па потоа пред сервирање пак измешајте.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*