Бајадера без шеќер и адитиви: Стар колач во здрава веге варијанта

Бајадера без шеќер и адитиви: Стар колач во здрава веге варијанта

Стар колач во нова верзија која ќе ве воодушеви. Уживајте во бајадера без грижа на совест!

Состојки за кора (долен слој):

  • 1,5 шолја лешници или бадеми (потопени во вода, оставени така преку ноќ)
  • 1 шолја сушени урми
  • 1 лажица какао во прав

Состојки за крем (среден слој):

  • 2 шолји индиски ореви
  • 1/2 шолја вода
  • 4 лажици агавин сируп
  • 5 лажици кокосово масло
  • 1 лажица ванила

Состојки за глазура:

  • 1/2 шолја путер од какао
  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици кокосов шеќер

Начин на подготовка:

  1. Крупно сомелете бадеми, додајте урми и какао. Мешајте додека не се соедини. Смесата ставете ја на дно на калап и обликувајте кора. 
  2. Состојките за крем мешајте ги додека не добиете густ крем. Прелијте преку тестото и ставете во фрижидр. 
  3. За глазура растопете путер од какао на пареа, па додајте ги останатите состојки и брзо измешајте. Добиеното чоколадо прелијте го преку кремот и ставете го колачот во фрижидер да стегне.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*