Пилешки хамбургери со тиквица

Пилешки хамбургери со тиквица

Идеален рецепт за брзо и вкусно јадење…

Состојки:

  • 300 гр пилешки гради
  • 1 тиквица
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 100 гр презла
  • 1 јајце
  • пченкарно брашно по потреба
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во блендер сомелете пилешко (можете и да купите мелено пилешко месо). 
  2. Тиквицата изрендајте ја и посолете ја па оставете ја да отстои. Исцедете ја па измешајте ја со месо и јајце. 
  3. Додавајте пченкарно брашно додека не добиете смеса која можете да ја обликувате со раце. 
  4. Оставете да отстои половина час па со раце обликувајте шницли и извалкајте ги во презла. Пропржете ги на врело масло додека не поруменат од двете страни.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text