Кришки кои се топат во уста: Вечера која децата ја обожаваат

Кришки кои се топат во уста: Вечера која децата ја обожаваат

Совршен рецепт кој децата го сакаат.

Се топи во уста и мами со аромата:

Состојки:

  • 150 гр. трапист
  • 150 гр. шунка
  • 3 јајца
  • 20 гр. пармезан
  • 1,5 дл. кисела павлака
  • 1 лажиче вегета
  • 8 кришки леб
  • 1-2 дл. млеко
  • сол и бибер

 

Подготовка:

  1. Се ренда трапистот, шунката се сече на резанци.
  2. Јајцата се матат убаво, се додава трапистот, шунката, пармезан, сол и бибер, вегета и кисела павлака.
  3. Се меша во густа смеса.
  4. Се натопува кратко секое парче леб во млеко, па се става на плех со хартија и се премачкува со дебел слој од смесата.
  5. Се запекува на 180 степени додека не поруменат лепчињата.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

 

singlepost_text