Вегетаријански уштипци

Вегетаријански уштипци

Доколку не сте љубители на месо, еве идеален рецепт за вас…

Состојки:

  • 100 гр шампињони
  • 400 гр компири
  • 100 гр грашок
  • 100 гр морков
  • 100 гр целер
  • 1-2 лажици презла
  • 20 гр путер
  • зачин
  • бибер
  • масло

Состојки за бешамел:

  • 250 мл млеко
  • 50 гр брашно
  • 1 јајце
  • 2 лажици рендан пармезан
  • мускатно оревче
  • 50 гр путер

Состојки за панирање:

  • 2 јајца
  • 50 гр брашно
  • 50 гр презла

Начин на подготовка:

  1. Шампињоните исчистете ги, измијте ги, исечкајте ги на листови и со малку зачин продинстајте ги на 20 гр путер. 
  2. Компирите сварете ги, излупете ги и пропасирајте ги. 
  3. Исчистените моркови, целер и грашок згответе ги во малку солена вода, исцедете ги и иситнете ги. 
  4. Посебно подгответе густ бешамел: на останатиот загреан путер ставете брашно, измешајте, залијте со млеко и кратко згответе. Малку изладете па измешајте јајце, пармезан и мускатно оревче. 
  5. Потоа додајте ги подготвените шампињони, компири, зеленчук и презла. По потреба посолете, побиберете и добро измешајте. 
  6. Од добиената смеса обликувајте уштипци и извалкајте ги во брашно, разматени јајца и презла. Испржете ги на загреано масло. 
  7. Послужете со тартар сос, јогурт или кисела павлака.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство