Универзално тесто со 2 јајца: Трае 7 дена, нараснува двојно

Универзално тесто со 2 јајца: Трае 7 дена, нараснува двојно

Направете универзално тесто за се, со само две јајца.Ова е рецептот кој многу ќе ви се најде за било каква пригода.

Состојки:

  • 2 јајца 
  • 1 лажиче шеќер 
  • 1 лажиче сол 
  • 500 мл. млеко 
  • 3 лажици кисело млеко 
  • 3 лажици масло 
  • 1 прашок за пециво 
  • 20 гр свеж квасец 
  • 1 кг брашно

 

Начин на подготовка:

  1. Се раствара квасецот во 200 милилитри млако млеко со шеќер, се остава да се активира десетина минути, па во голем сад се става брашното со прашок за пециво и потоа квасецот и сол. 
  2. Се убаво се меша, се ставаат и изматените јајца, помешаи со млеко и кисело млеко, па се замесува тесто. 
  3. Направете топка и оставете ја во вангла покриена со крпа и оставете да нарасне на топло. 
  4. Може да направите потоа што и да посакате, тесто за пица, кифли, а трае до 7 дена, секако со стоење во ладилник. 

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми