Погачи мафини со сирење – извадете калапи и направете брз појадок

Погачи мафини со сирење – извадете калапи и направете брз појадок

Направете вкусни погачи во калапи за мафини, со богат фил од сирење.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца 
  • ½ шолји млеко 
  • 1 лажица кисело млеко 
  • 150 гр изронето сирење 
  • 1/3 шолји растопен маргарин 
  • 1 лажиче сол 
  • малку куркума 
  • 1 лажиче сув квасец 
  • брашно по потреба 
  • маргарин за премачкување 
  • сусам за горе

Начин на подготовка.

  1. Се мати едно цело јајце и белката од другото јајце, а жолчката се трга на страна за премачкување. 
  2. Во јајцата кои се изматени ставете млеко, кисело млеко, маргарин растопен, сирење, сол, куркума, шеќер и квасец. 
  3. Се убаво измешајте и ставете брашно колку да замесите тесто. 
  4. Оставете го на топло да нарасне малку, па поделете го на 6 топки. 
  5. Разлечете ги топките, па премачкајте ги со маргарин и ставете една преку друга три кори. 
  6. Направете ролат, исечете го на малу делови, да ги собере во подмачкани калапи за мафини. 
  7. Така направете и со другите три кори. 
  8. Премачкајте ги со жолчката која ја тргнавме, ставете сусам и печете на 180 степени на загреана рерна, додека недобијат златна боја.

Пријатен апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text