Компир крокети од рерна – не се масни, брзо се прават + идеја за сос

Компир крокети од рерна – не се масни, брзо се прават + идеја за сос

Направете вкусни крокети од компир од рерна, кои не впиваат многу масло и се деликатесни.Ова е рецептот кој е брз:

Состојки.

  • 800 гр. компир 
  • 150 гр. шунка 
  • 100 гр. кашкавал 
  • ½ млад кромид 
  • 2 јајца 
  • брашно за валкање 
  • маслиново масло 
  • сол 
  • бибер

Сос:

  • 400 мл. кисело млеко 
  • вегета 
  • сол 
  • бибер 

 

Начин на подготовка:

  1. Се вари компирот со лушпа, се лупи и се ренда. 
  2. Се сече шунката на коцки, кромитчето ситно. Се додаваат заедно со  јајца и една лажица брашно и зачини на компирот и се меси додека не се добие еднаква смеса. 
  3. Во плех со хартија се става малку масло, па крокети кои претходно ќе ги извалкаме во брашно. 
  4. Се печат додека не поруменат на 200 степени. 
  5. Служете со сос од киселото млеко, со зачини.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*