Класик меѓу колачите: Ролат со бадеми

Класик меѓу колачите: Ролат со бадеми

Неодолив колач ролат со бадеми…

Состојки:

  • 1 пакување замрзнато лиснато тесто
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 200 гр мелени бадеми
  • 100 гр суво грозје
  • 4 лажици слатка павлака
  • 6 лажици презла
  • изрендана кора од лимон
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Лиснатото тесто тенко развлечете го.
  2. Пенасто измешајте јајца и шеќер, па додајте мелени бадеми, суво грозје, слатка павлака, презла и изрендана кора од лимон.
  3. На секој дел од тестото распоредете од филот и обликувајте ролат.
  4. Површината од ролатот премачкајте ја со јајце и печете во рерна загреана на 220 степени околу 30 минути.
  5. Ролатот исечете го на парчиња и по желба прелијте го со топол прелив од малини или шумско овошје.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text