Повкусно од мусака: Кремав компир во тепсија

Повкусно од мусака: Кремав компир во тепсија

Нешто повкусно и од мусака, превкусен деликатес со компири.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 1 кг. компири 
  • 2 дл. кисела павлака 
  • 2 дл. павлака за готвење 
  • сол 
  • бибер 
  • 1 чешне лук 
  • 180 гр. кашкавал 
  • вегета 
  • 40 гр. маргарин

Подготовка:

  1. Се лупат компирите и се сечат на тенки листови, па се ставаат во сад со ладна вода. 
  2. Нека стојат пет минути, па исцедете убаво. 
  3. Се лупи и сече лукот, па се става на дното на тепсија. 
  4. Се мешаат заедно двата вида павлака со зачините и компирот, па се става се во тепсијата. 
  5. Ставете горе кашкавал и маргарин. 
  6. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете 45 минути. 
  7. Може по желба да си додадете внатре и печурки, или сувомеснато.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*