Бунар погачи како од пекара – домот ќе замириса, веднаш ќе се изедат

Бунар погачи како од пекара – домот ќе замириса, веднаш ќе се изедат

Направете вкусни погачи кои се нарекуваат бунар погачи.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 500 гр. брашно 
  • 1 кесе сув квасец 
  • 1 јајце 
  • 200 гр. кисело млеко 
  • 150 мл. свежо млеко 
  • 50 мл. масло 
  • 1 лажиче сол 
  • 1 лажиче шеќер 
  • 30 гр. маргарин

Фил и премачкување:

  • 2 јајца за фил 
  • 200 гр. сирење за фил 
  • 1 жолчка за премачкување 
  • 1 лажица масло 
  • 1 лажица млеко

Подготовка:

  1. Се загрева малку млекото да биде млако, па се раствара квасецот, заедно со шеќер и 2-3 лажици брашно, се меша и остава да нарасне. 
  2. Се става брашното во вангла и се прави дупка, во средина се става квасецот, потоа млекото, масло, јајца и сол. 
  3. Се замесува тесто, кое не треба да се лепи по раце. 
  4. Нека стои 30 минути со крпа да нарасне. 
  5. Издробете го сирењето со едно јајце, поточно белка, а жолчката нека биде за премачкување. 
  6. Се длеи тестото на 12 дела, се прават погачи, се притискаат со мала чаша на средина, како бунар. 
  7. Ставете тука од филот, па ставете ги во плех со масло. 
  8. Ставете им горе на средина парче маргарин, премачкајте ги со смеса од жолчка, масло и млеко. 
  9. Печете на загреана рерна на 200 степени 30 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

 

 

 

singlepost_text