Ќе извалкате само едно тенџере: Ручек кој го обожаваат сите домаќинки

Ќе извалкате само едно тенџере: Ручек кој го обожаваат сите домаќинки

Секоја домаќинка понекогаш се заморува од готвење. Во тие денови за своите домашни сепак можете да подготвите вкусен и хранлив оброк за миг.

Состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 1 мала главица кромид, исечкан
  • 800 мл конзервирани домати
  • 1 рака свеж босилек
  • 500 гр тестенини по желба
  • 4 шолји вода
  • 100 гр рендан кашкавал
  • сол
  • бибер
  • црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. Во големо тенџере загрејте масло, па на него продинстајте кромид и лук. Додајте ги сите останати состојки, прелијте со 4 шолји вода, ставете зачини, посолете и почекајте да зоврие. 
  2. Кога ќе зоврие, продолжете со готвење онолку колку што пишува на упатството на тестенините, повремено мешајќи. Кога ќе биде готово, нема потреба од цедење, бидејќи тестенините ќе ја впијат течноста, а пастата ќе биде готова за послужување. 
  3. Додајте рендан кашкавал и уживајте во брзиот ручек.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*