Сте пробале ли палачинки со мак? Омилениот десерт на целосно поинаков начин

Сте пробале ли палачинки со мак? Омилениот десерт на целосно поинаков начин

Немате време за штрудла со мак? Еве решение за тавка ситуација.

Состојки за тесто:

  • 200 гр брашно
  • 300 мл вода
  • 1 јајце
  • 1 лажица масло
  • малку сол
  • малку шеќер

Состојки за фил:

  • 100 гр мак
  • 100 мл млеко
  • 2 лажици шеќер
  • 200 мл павлака
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 50 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Разматете тесто за палачинки од наведените состојки, а потоа испечете ги. 
  2. Во еден сад измешајте мак, 100 мл млеко и 2 лажици шеќер, а во друг павлака, шеќер во прав и млеко. 
  3. Во смесата со мак измешајте 3 лажици крем од павлака и со тој фил филувајте 8 палачинки. Свиткајте ги и редете ги во огноотпорен сад.
  4. Остатокот од двата фила измешајте го и премачкајте ги палачинките со него. Печете на 200 степени околу 20 минути.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*