Екстра погачици со кечап

Екстра погачици со кечап

Многу вкусни и меки. Погачици со интересна состојка – кечап, поради кој имаат неодолив вкус и боја.

Состојки:

  • 900 гр брашно
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр кечап
  • 1 јајце
  • 300 мл млеко
  • 20 гр свеж квасец или 5 гр сув
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Во млако млеко ставете шеќер, квасец, малку брашно па измешајте и оставете квасецот да проработи. За тоа време во вангла ставете 700 гр брашно, исечкан маргарин и сол. Со раце добро измешајте. Во средина направете дупка и во неа ставете 1 јајце, кечап, надојден квасец. 
  2. Добро замесете со додавање брашно. Тестото е лепливо но затоа ставете го да стегне во фрижидер на неколку часа или до наредниот ден. 
  3. Премесете, развлечете со сукало, па вадете кругови. Редете ги на намастена тепсија обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце и оставете ги во тепсијата да стојат околу 15 минути. За тоа време вклучете ја рерната на 220 степени да се загрее. Печете ги погачиците 20-30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text