На стар начин: Проја со тиквици

На стар начин: Проја со тиквици

Неверојатно вкусна проја која ќе ја подготвувате со задоволство и на крај ќе уживате во нејзиниот вкус.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 шолја пченкарно брашно
  • 1 шолја бело пченично брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • сирење
  • 1 тиквица
  • 1/2 шолја млеко
  • 1/2 шолја јогург
  • 1/2 шолја масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквицата исчистете ја, посолете ја и оставете ја да отстои 15 минути. 
  2. Рачно разматете јајца, додајте проино брашно, пченично брашно измешано со прашок за печиво, млеко, јогурт и масло. Сè изедначете со лажица. 
  3. Додајте сирење (количина по вкус – околу 100 гр) и тиквицата која претходно добро сте ја исцедиле со раце. 
  4. Печете во округла тепсија Р-24 см на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*