Ручек кој ќе го правите и утредента: Ќофтиња во бешамел и зденки

Ручек кој ќе го правите и утредента: Ќофтиња во бешамел и зденки

Вкусен ручек кој често ќе го имате на трпеза. Верувајте сите ќе сакаат репете.Ова е рецептот кој вреди да се запише:

Состојки:

  • 500 гр. мелено јунешко месо
  • 400 гр. компир
  • 3 главици кромид
  • 2 чешни лук
  • 2 лажици брашно
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • вегета

Бешамел:

  • малку путер
  • 2-3 лажици брашно
  • 500 мл. млеко
  • 200 мл. павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • зденки

Начин на подготовка:

  1. Ситно се сече кромидот, компирот се лупи и ренда, а лукот се лупи и ренда на ситниот дел од рендето.
  2. Се додава се на меленото месо во сад, се става и јајце и две лажици брашно, сол, бибер и вегета, па убаво се меша да се изедначи.
  3. Се прават ќофтиња, па се пржат во добро загреано масло. Доволно е само да фатат кора, не мора да ги пржите долго.
  4. Ставете ги едно до друго во плех со масло.
  5. Направете бешамел со маслото во кое го пржевте месото, додадете путер, 2-3 полни лажици брашно и мешајте да нема грутки.
  6. Се става млеко и се меша постојано.
  7. Се додава и павлаката за готвење, сол, бибер и вегета по желба, а може и зденки, а може да си ставите по желба сирење и  кашкавал.
  8. Се става смесата врз ќофтињата, па се пече се 30 минути на 220 степени со фолија.
  9. Потоа тргнете ја фолијата и ставете да се пече без уште 15 минути.

 

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте