Зеленчукот никогаш не бил толку вкусен: Печен зеленчук на маслиново масло

Зеленчукот никогаш не бил толку вкусен: Печен зеленчук на маслиново масло

Зеленчук печен на маслиново масло, едноставен рецепт за вкусен оброк.

Состојки:

  • 250 гр тиквици
  • 200 гр црвени пиперки
  • 250 гр модар патлиџан
  • 200 гр моцарела
  • 1 лажица зачин
  • 1 лажица маслиново масло

Состојки за сос:

  • 2 лажици исечкан босилек
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица оцет
  • малку бибер
  • 3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците, пиперките и модриот патлиџан исечкајте ги на парчиња, посипете ги со зачин и пропрскајте ги со масло. На тефлон тава испечете го подготвениот зеленчук. 
  2. Босилекот измешајте го со маслиново масло, исечкан лук, оцет и побиберете. 
  3. Топлиот зеленчук наредете го на чинија, а по него распоредете исечкано моцарела сирење и прелијте со подготвениот прелив. Послужете украсено со листови босилек.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*