Трикови со кои црвеното месо веќе никогаш нема да испадне тврдо и жилаво

Трикови со кои црвеното месо веќе никогаш нема да испадне тврдо и жилаво

Црвеното месо е намирница која можете да ја подготвувате на стотици начини, но проблем кај подготовката може да претставува квалитетот на месото. Колку пати ви се случило да купите убаво парче месо, но кога го подготвувате, останува тврдо, суво или жилаво.

Како би избегнале вакво сценарио, пробајте ги овие трикови:

1. Овошје

Јаболко, ананас и крушка се вашите сојузници во готвењето на црвеното месо. Едноставно излупете овошје и наредете по месото додака се готви. Овошните киселини ќе го омекнат месото и ќе го направат повкусно.

2. Јаболков оцет

Иако постојат различни маринади за месо, оваа која ви ја предлагаме ќе влијае на вкусот на месото, но ќе го направи и помеко. Во сад измешајте исечкан кромид и јаболко, додајте маслиново масло и лажица јаболков оцет. Месото намачкајте го со маринада и оставете го во фрижидер преку ноќ, а наредниот ден подгответе го по желба.

Лимон

Лимонот е исклучителен сојузник во подготовката на месо. Сакате да бидете сигурни дека месото ќе испадне меко и вкусно, премачкајте го со лимонов сок. За разлика од споменатата маринада која треба да отстои преку ноќ, сокот од лимон делува многу побрзо, па месото ќе биде спремно после 30 минути.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text