Поховани тиквици со сирење: Посочни и повкусни немате пробано

Поховани тиквици со сирење: Посочни и повкусни немате пробано

Јадење чиј вкус долго ќе го памтите…

Состојки:

  • 2 средни тиквици
  • сол
  • малку бибер
  • фета или тврдо сирење
  • јајце
  • брашно
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците измијте ги и излупете ги, па исечете ги по должина на тенки ленти. Посолете и малку побиберете, па оставете ги да отстојат и да пуштат вода. Исцедете ги тиквиците, па земајте по две ленти и направете крст. 
  2. На средина ставете парче сирење па префрлете ги лентите лево и десно и горе и долу и свиткајте ги листовите тиквици околу сирењето. 
  3. Загрејте го маслото во тава на умерена температура, разматете јајца и подгответе брашно и презла. Извалкате ги тиквиците во брашно, разматено јајце, па во презла и поховајте ги додека не поруменат. 
  4. Похованите тиквици исцедете ги од вишок маснотии на хартиени салфети.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text