Направете брз појадок или вечера, кој мами со аромата и вкусот.
Нешто лесно за подготовка, поради што многумина го сакаат.
Состојки:
- 1 пакување готови кори за пита (400-500 грама)
- 1 сирење кравјо
- 1 шолја кајмак
- 10 јајца
- 1 шолја млеко
- 8 лажици гриз
- прашок за пециво
- малку масло
Начи на подготовка:
- Се матат одделно белките, посебно жолчките.
- Во жолчките се става издробено сирење, па малку сол.
- Се додава кајмак, шолја млеко, гриз, прашок за пециво, малку масло и изматените белки.
- Се ставаат по две кори на премачкан плех, па се става масло врз нив малку, па фил.
- Ова се прави се додека има кори и фил.
- Последните две кори се премачкуваат со масло, па се бодат со вилушка.
- Се пече на 220 степени додека не порумени.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми