Деликатес кој крцка: Ред тиквички, шунка и кашкавал

Деликатес кој крцка: Ред тиквички, шунка и кашкавал

Ако сакате деликатес за ручек, ова е рецепт за вас.Лесно е и брзо.

Подготовка:

  • 3 средни тиквички 
  • 3-4 јајца 
  • 100 гр. брашно 
  • 150 гр. шунка 
  • 200 гр. кашкавал 
  • 180 гр. кисела павлака 
  • сол 
  • вегета 
  • бибер 

 

Подготовка:

  1. Тиквичките се лупат и се сечат по должина, па се ставаат во цедалка со сол. Така се остава 30 минути. 
  2. Се цедат, па се валкаат во брашно. 
  3. Ставаме масло да се загрее, па се пржат тиквичките. Се ставаат на салфета да ја впијат маснотијата. 
  4. Се премачкува огноотпорен сад, па се става ред тиквички. 
  5. Се става над нив шунка, па рендан кашкавал, и така додека има состојки. 
  6. Обично излегуваат три слоја. 
  7. Последниот завршете го со шунка. 
  8. Се мати павлаката со јајца и се става смесата, па малку изрендан кашкавал. 
  9. Се пече на 200 степени 30 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*