Тиквички полнети со мелено месо – тече кашкавал и бешамел

Тиквички полнети со мелено месо – тече кашкавал и бешамел

Полнети тиквички кои мамат и веднаш ќе се изедат кога ќе ги принесете на маса.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 8 тиквички 
  • 2 главици кромид 
  • ½ кг. мелено месо 
  • 3 чешни лук 
  • 1 јајце 
  • 1 шолја сварен ориз

Бешамел:

  • 2 лажици брашно 
  • малку масло 
  • ½ л. млеко 
  • вегета 
  • 150 гр. кашкавал

Подготовка.

  1. Меленото месо се пржи на масло со кромисот и со вегета. Се додава и оризот кога ќе се олади и ситно сечениот лук и јајце. 
  2. Се лупат тиквичките, се длаби средината, па се посолуваат. 
  3. Се полнат со месото. 
  4. Се прави бешамел така што се пржи брашно на масло, па се става млеко и зачини. 
  5. Се ставаат тиквичките во премачкан огноотпорен сад, се се става бешамелот врз нив. 
  6. Помеѓу тиквичките ставете од средината од тиквичките која остана, па изрендајте кашкавал горе. 
  7. Печете на загреана рерна на 200 степени 30 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

 

 

singlepost_text