Оригинален рецепт за ѕаѕики сос: Без него Грците не можат да замислат јадење со месо

Оригинален рецепт за ѕаѕики сос: Без него Грците не можат да замислат јадење со месо

Пробајте го овој одличен рецепт кој можете да го послужите со јадења од скара или гиро.

Состојки:

  • 4,5 дл густ јогурт или милерам
  • 1 краставица, излупена и исечкана
  • 3 чешниња издробен лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица црвен вински оцет
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Краставицата посолете ја и оставете ја да отстои пет минути, а потоа со раце добро исцедете.
  2. Измешајте ја краставицата со останатите состојки убаво да се соединат. По потреба повторно посолете. Оставете во фрижидер најмалку 2-3 часа пред послужување.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text