Крем салата со сирење и сусам – доволна за 10 лица

Крем салата со сирење и сусам – доволна за 10 лица

Многу добра и едноставна за подготовка. Супер вкусна салата доволна за десет лица, со што ќе биде супер и за свечености.

Состојки:

  • ½ кг. пченка од конзерва
  • 300 гр. свински врат
  • 10 кисели краставички
  • 10 варени јајца
  • ½ кг. сирење
  • 400 гр. павлака
  • 200 гр. сусам
  • сол по желба

 

Подготовка.

  1. Јајцата се варат, ладат и лупат, па се сечат на коцки, а свинскиот врат се сече исто така ситно, заедно со киселите краставички.
  2. Се цеди и пченката.
  3. Се пржи сусамот на тава кратко, без масло.
  4. Се рони сирењето и се меша со павлака, ако не е солено сирењето додадете слободно сол.
  5. Измешајте ги во сад јајцата, свинскиот врат, киселите краставички, заедно со сусамот.
  6. Ставете и пченка.
  7. Додајте ги сирењето со павлака и се измешајте убаво.
  8. Декорирајте по желба.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Мимоза салата во ново руво

Брза крем салата со јогурт

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*