Лиснати погачици со чварки (Видео)

Лиснати погачици со чварки (Видео)

Подгответе ги највкусните погачици со чварки!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 20 гр квасец
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 400-500 гр брашно
  • 300-400 гр мелени чварки

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во млако млеко, додајте шеќер, јогурт, 2 јајца, брашно, сол и замесете средно тврдо тесто. Оставете да нарасне. 
  2. Поделете го на 7-8 топчиња, а секое топче развлечете го што потенко во проѕирна кора. 
  3. Намачкајте кора со чварки, па развлечете друга, и неа премачкајте ја со чварки, ставете ја преку првата и така додека не ги потрошите сите кори. 
  4. Пресечете погачици со остар нож и редете ги во плех. Намачкајте ги со жолчка, па кога ќе одморат околу 10 минути, ставете ги во врела рерна на 200 степени околу 25-30 минути убаво да поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо