Динстано телешко со шампињони

Динстано телешко со шампињони

Вкусно јадење од телешко месо кое брзо и едноставно се подготвува…

Состојки:

  • 600 телешко од бут
  • 300 гр шампињони
  • 1 главица кромид
  • 200 мл павлака за готвење
  • 2 лажици скробно брашно
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 50 гр путер
  • 1 лажица зачин

Начин на подготовка:

  1. Телешкото исечкајте го на коцки, а кромидот ситно насечкајте го.
  2. На путер пропржете исечкано месо, додајте кромид и динстајте заедно пет минути. 
  3. Додајте шампињони исечкани на листови и зачини, па продолжете со динстање со повремено наливање вода околу 30 минути. 
  4. Кога месото ќе омекне, додајте скробно брашно разматено во малку вода и павлака за готвење.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко