Одличен десерт: Кекс шлаг торта со јагоди (Видео)

Одличен десерт: Кекс шлаг торта со јагоди (Видео)

Одлична торта со јагоди која освежува во топлите денови…

Состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 1 кг јагоди
  • 150 гр мелени ореви
  • 150 гр маргарин
  • 100 мл млеко
  • 150 гр шеќер во прав
  • 1 лажица арома од ванила
  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажица масло
  • 500 мл слатка павлака
  • 200 гр кисела павлака

Начин на подготовка:

  1. Мелените бисквити и оревите измешајте ги со млеко, растопен маргарин, арома од ванила и шеќер во прав. 
  2. Со маргарин намастете калап со пречник од 26 см и посипете го со мелени бисквити па обликувајте кора од подготвената смеса. 
  3. Чоколадото растопете го со масло, на пареа во микробранова или во рерна. 
  4. Секоја јагода потопете ја во растопено чоколадо па редете ги преку кората. Оставете десетина минути во фрижидер за чоколадото да стегне. 
  5. Разматете слатка павлака со кисела павлака и премачкајте преку чоколадниоте јагоди. Украсете со исечкани јагоди или рендано чоколадо. Оставете ја тортата да отстои во фрижидер еден ден па послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*