Ќофте на германски начин

Ќофте на германски начин

Испробајте го овој специјалитет на германските кувари…

Состојки:

  • 300 гр мелено говедско месо
  • 300 гр мелено свинско месо
  • 100 гр ситно сечкан кромид
  • путер и масло за пржење
  • 2 дл млеко
  • 2 парчиња тост леб
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер

Состојки за сос:

  • 50 гр путер
  • 60 гр брашно
  • 1л вода
  • оцет од бело вино по вкус
  • зачини по желба
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кромидот испржете го, лебот потопете го во млеко, потоа сите намирници составете ги во компактна маса и правете ќофтиња. Малку пропржете ги и ставајте ги на салфета која ќе ја впие маснотијата. 
  2. За сосот растопете путер, на него пропржете брашно, па додајте вода и згответе. Зачинете со оцет, сол и бибер. Полека во сосот ставајте ги ќофтињата и гответе ги 15-20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text