Вкусен рестован компир

Вкусен рестован компир

Овој вкусен прилог послужете го додека е топол, а одлично оди со специјалитети од риба.

Состојки:

  • 800 гр компири
  • 1 главица кромид
  • 1/2 мала шолја масло
  • мешавина од билни зачини
  • 1 лажичка црвена пипер
  • малку бибер

Начин на подготовка:

  1. Компирите измијте ги, налијте вода и ставете да се готват. 
  2. Кромидот ситно исечкајте го и пржете го да порумени, тргнете од шпорет. Во тоа додајте пипер, мешавина од зачини, бибер и зготвени компири исечкани на коцки. 
  3. Сè убаво соединете и послужете како прилог.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text