Лесен оброк: Плескавици од карфиол

Лесен оброк: Плескавици од карфиол

Вкусни лесни плескавици, погодни за вегетаријанци и за оние кои водат сметка за својата линија.

Состојки:

  • 2 главици карфиол
  • 3 чешниња иситнет лук
  • 1 шолја брашно
  • 2 јајца
  • 150 гр кашкавал
  • 1 лажица магдонос
  • 1/2 шолја топла вода
  • на врв на лажица сол и бибер
  • маслиново масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот обварете го во вода додека не омекне, околу 5-6 минути. Исцедете го и измијте го со студена вода. Потоа исечете го на ситни парчиња. 
  2. Во посебен сад измешајте карфиол, брашно, лук, разматени јајца, изрендано тврдо сирење, магдонос, сол и бибер. Додајте вода и измешајте ги состојките да се соединат. 
  3. Смесата треба да биде доволно густа, како смеса за уштипци. Пржете ги плескавиците на маслиново масло и послужете.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*