Крцкави триаголници за појадок – мирисот ќе го разбуди маалото

Крцкави триаголници за појадок – мирисот ќе го разбуди маалото

Направете вкусни солени триаголници за појадок.Ова е рецептот:

Состојки:

  • 850 гр. брашно 
  • 500 мл. слатко млеко 
  • 1 квасец 
  • 1 лажиче шеќер 
  • 1 лажиче сол 
  • 100 мл. масло

 

Фил:

  • 125 гр. маргарин 
  • 2 јајца 
  • 1 жолчка 
  • 1 лажица млеко 
  • сусам

 

Подготовка:

  1. Во мала чинија се става малку млеко со шеќер и квасец и се пушта да се активира. 
  2. Во друг сад се става брашното со сол, а потоа и нараснатиот квасец. Се додава останатото млеко и масло па се прави тесто. 
  3. Се дели на 4 дела, па се прават топки. Се оставаат малку да нараснат, со брашно на нив. 
  4. Се прави и филот, така што се мати маргаринот со јајца, а сите топки се расукуваат како правоаголник и се премачкуваат со овој фил, па се виткаат како триаголници. 
  5. Се оставаат во тепсија со хартија, па се премачкуваат со смеса од жолчка и млеко, и се става сусам. 
  6. Печете на 180 степени 15 минути.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*