Пита со млада зелка, без квасец и кори (Видео)

Пита со млада зелка, без квасец и кори (Видео)

Подготовката на оваа пита од млада зелка апсолутно не бара многу време. Не ви се потребни ниту кори, а не мора ниту да месите.

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 1 + 2 јајца
  • 1/2 прашок за печиво
  • 400 гр рендана млада зелка
  • 100 гр шункарица
  • 50 мл масло
  • 200 мл јогурт
  • 100 гр тврдо сирење
  • малку кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Во брашното додајте прашок за печиво, измешајте, додајте едно јајце, јогурт, масло, сирење и шунка сечкана на коцки и сè изедначете. Зелката посолете ја и оставете ја 15 минути во сол, па исцедете. 
  2. Разматете 2 јајца со малку масло. Во плех со големина од 22 см на дното ставете хартија за печење па ставете половина од тестото, преку ставете исцедена зелка, и прелијте ја со разматени јајца, па преку тоа вториот дел од тестото. 
  3. Од горе изрендајте кашкавал. Печете на 180 степени околу 40 минути. Оставете да се излади и сечете. 
  4. Послужете со јогурт или кисело млеко.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*