Хамбургери од компири

Хамбургери од компири

Ви донесуваме рецепт за вкусни хамбургери од компири.

Состојки:

  • 1/2 кг компири
  • 250 гр бело пилешко месо
  • масло
  • 1 јајце
  • 100 гр презла
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 лажица црвена пипер
  • сол
  • бибер
  • листови магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо сомелете го, а компирите згответе ги во лушпа, излупете ги и веднаш изгмечете ги. Додајте сечкан кромид и лук, пипер, бибер, сол, 4-5 лажици презла, јајце и исечкан магдонос. 
  2. Сè со раце добро измесете, правете топчиња, малку растегнете ги на дланка и правете мали плескавици. Маслото загрејте го во тава, секоја плескавица провлечете ја низ презла и пржете додека не станат румени. Вадете ги на хартиени салфети. Послужете ги топли како главно јадење или како прилог.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*