Екстра брзи погачи од 4 состојки: Ќе замириса цело маало, евтин рецепт

Екстра брзи погачи од 4 состојки: Ќе замириса цело маало, евтин рецепт

Екстра брза верзија на вкусни погачи за добро утро кои се лиснати и вкусни.Ви требаат 4 состојки, ова е рецептот:

Состојки:

  • 300 гр. брашно 
  • 250 гр. маргарин 
  • 250 гр. кравјо сирење 
  • јајце за премачкување 
  • сол

 

 

Подготовка:

  1. Одвојте мал дел од маргаринот и оставете го на страна. 
  2. Измешајте ги убаво брашното, маргаринот и изронетото сирење, па направете тесто, кое ќе го премачкате горе со малиот дел од маргаринот кој го оставивте. 
  3. Се преклопува тестото, се премачкува уште еднаш и се преклопува пак. 
  4. Нека отстои малку во ладилник. 
  5. Се расукува потоа, се вадат погачи со чаша, се редат на плех со хартија и се премачкуваат со јајце, а горе им се става по желба сусам, семки, ким…што и да сакате. 
  6. Се печат на 180 степени додека не поруменат.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Палента по рецептот на турската актерка

Мафини кои не се комплицирани

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text