Француски омлет: Најубав и најлесен начин за подготовка на јајца (Видео)

Француски омлет: Најубав и најлесен начин за подготовка на јајца (Видео)

Воздушесто јадење со одличен вкус, најдобар избор за доручек!

Состојки:

  • 3 јајца
  • сол
  • 1/2 лажица студена вода
  • 2 лажици путер
  • бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Разматете ги јајцата во сад, додајте сол и бибер и половина лажица студена вода. Измешајте ги сите состојки. 
  2. Тавата загрејте ја на средна јачина и во неа растопете лажица путер. Ставете ги јајцата и цело време мешајте, додека лесно ја протресувате тавата. 
  3. Кога ќе забележите дека јајцата се при крај, „размачкајте“ ги по тавата така што ќе добиете палачинка. Намалете ја јачината на ринглата на најниска. 
  4. Со шпатула лесно свиткајте ја палачинката од јајца во ролна. 
  5. Во тавата ставете лажица путер и оставете да се растопи. 
  6. Омлетот извадете го во чинија и послужете. По желба додајте сирење, шунка или некој зеленчук пред да ја свиткате палачинката од јајца.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт