Ви предлагаме постапка за лесна подготовка на лазањи – брзо и лесно направете го овој италијански специјалитет.
Состојки:
- 200 гр тестенини
- 1 главица кромид
- 250 гр мелено месо
- 400 мл доматен сок
- 150 гр кашкавал
- оригано
- сув зачин
- бибер
- масло
Начин на подготовка:
- Тестенините кратко обварете ги.
- Додека тестенините се подготвуваат, кратко издинстајте кромид, додајте зачини, оригано, месо. Додајте доматен сок, а по десетина минути готвење измешајте со тестенините и префрлете во плех.
- Посипете со рендан кашкавал и печете 30 минути во рерна на 220 степени.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот
Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука
Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука