Деликатесни тиквички за ручек – плус идеја за сос повкусен од тартар

Деликатесни тиквички за ручек – плус идеја за сос повкусен од тартар

Направете вкусен ручек со тиквички.Има неверојатна арома и вкус, буквално е 2 во 1, а ви нудиме и идеја за вкусен сос.

Состојки:

  • 1 кг. тиквички 
  • 5 компири 
  • 2 лажички вегета 
  • сол 
  • бибер 
  • масло за пржење 
  • брашно за валкање

 

Сос:

  • 1 варен компир 
  • 2 чешни лук 
  • 50 мл. маслиново масло 
  • 1 лажиче вегета 
  • 1 лажиче сок од лимон 
  • сол

Подготовка:

  1. Се мијат и лупат тиквичките, а потоа се рендаат на крупниот дел на рендето. Се става сол.
  2. Се оставаат да се цедат убаво. 
  3. За тоа време се вари компирот, се лупи и се ренда на ренде. 
  4. Во садот со тиквички кој ќе го исцедите се ставаат компирите, вегета, сол и бибер, се меша, се прават ќофтенца и се валкаат во брашно,  потоа се пржат на добро загреано масло додека не поруменат. 
  5. Се ставаат на хартија да ја впие маснотијата. 
  6. За сос се сече ситно еден компир варен, се меша со вегета, ситно сечен лук, па се убаво се пасира, се додава лимонов сок и маслиново масло и сол по вкус. 
  7. Сервирајте и уживајте.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*